Бескомпромисна брба против корупцијата, најавува вицепремиерот Николовски

од Берта Китинска

Бескомпромисна брба против корупцијата и поголема дисциплина во државните институции најави вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на синоќешната свечена седница на Советот на Општина Кочани, по повод одбележувањето на 76-годишнината од ослободувањето на градот.

– Сите ние добивме обврска и одговорност да бидеме сервис на граѓаните, поради што мораме да се однесуваме чесно, одговорно и да одработиме за граѓаните. Затоа е воведена и една ваква позиција во Владата, преку којашто ни претстои бескомпромисно и крајно одговорно да одработиме во следните четири години за да оставиме држава со што поелиминирана корупција, со што поголем ред во институциите, со што поголема дисциплина помеѓу службениците и граѓаните. Оваа наша обврска ќе остане запаметена и ќе оставиме белег затоа што имаме долг кон граѓаните. Соработката со Општина Кочани е пример како треба да работиме, и како државните и заедничките интереси да ги ставиме пред сè друго. Доказ за тоа е капиталниот проект за изградба на браната на Оризарска Река, којшто беше оставен многу далеку од некои други пред нас, а ние денес правиме сè, и парите да бидат обезбедени, и постапките да бидат завршени, и работите да течат. Гарантирам дека со програмите што ги менаџираат министерството и Владата, не само што ги затворивме сите отворени прашања и ги откочивме процедурите, дека направивме сè овој значаен проект, не само за Кочани, туку и за целиот регион да стане реалност и да се реализира, истакна Николовски.

Во рамки на свечената седница на Советот на Општина Кочани, на Николовски му беше доделено благодарница за соработката во изминатите три години и придонесот за финансиската поддршка при реалзиацијата на проекти од значење за локалната заедница.

Слични содржини