Битиќи: Секој кој направил пропуст или злоупотреба сo увезениот мазут ќе сноси одговорност

од Берта Китинска

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска вети дека секој кој направил пропуст или злоупотреба сo увезениот мазут ќе сноси одговорност без разлика дали се работи за институција или компанија.

– Дадовме насоки да имаме поопсежна анализа за последните десет години за сите компании кои имаат увезено мазут или индустриско масло и во моментот кога ќе ги добиеме сите информации, бидете уверени дека секој ќе сноси одговорност за тоа што го правел, без разлика дали е тоа Царинска управа, Пазарен инспекторат, Инсекторат за животна средина, министерство или компанија која увезувала, изјави Битиќи.

Слични содржини