„Бомбите“ се слушаа на рочиштето за „Топлик“

од Vladimir Zorba

 На денешното рочиште за „Топлик“ во Кривичниот суд се слушаат 11 прислушувани разговори во врска со овој предмет. Одбрана на Миле Јанакиески побра јавноста да се исклучи, но судијата Осман Шабани го одби приговорот, велејќи дека со нивното објавување нема да се наруши приватноста на обвинетите.

Во предметот на СЈО „Топлик“ осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажба на градежна парцела во скопско Сопиште.

Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Следното рочиште е закажано за 11 мај, кога одбраната ќе го каже своето видување за прислушуваните разговори. /МИА

Слични содржини