„Брегзит“ ќе го чини секој британски работник 470 фунти годишно

од Vladimir Zorba

Велика Британија станува сè позатворена економија поради „Брегзит“, а штетните долгорочни импликации за продуктивноста и платите ќе го чинат просечниот работник 470 фунти (577 долари) секоја година до крајот на деценијата, според студија објавена денес.

Автори на студијата се вонредниот професор на Лондонската школа за економија Свати Дингра, која ќе се приклучи на Комитетот за монетарна политика на Банката на Англија во август, и истражувачи од тинк-тенкот Resolution Foundation.

Пандемијата „Ковид-19“ што избувна во јануари 2020 година, веднаш по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, ја искомплицира анализата на економските влијанија на самиот „Брегзит“, пренесе „Ројтерс“.

Новите трговски правила по „Брегзит“, кои стапија на сила во јануари 2021 година, не доведоа до постојан пад на британската трговија со ЕУ во споредба со остатокот од светот, спротивно на претходните очекувања на многу аналитичари, се вели во студијата.

Слични содржини