Брисел предупредува за претстојниот бран лажни вести за вакцините

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија (ЕУ) има намера да се потпира сè повеќе на проверки, мрежни платформи и стратешка комуникација, со цел да се справи со кампањата за дезинформации што започна за време на пандемијата, пренесе „РСЕ“.

Затоа ЕУ ги повика земјите од Западен Балкан да се приклучат на стратегијата против ширење лажни вести.

„Дезинформациите можат да бидат еднакво опасни како во ЕУ, така и во другите земји. Предлагаме да се фокусираме и на Западен Балкан. Веруваме дека Западен Балкан треба да ни се придружи во создавањето систем што го прави дигиталниот свет посигурен и помалку застрашувачки и залажувачки за луѓето“, изјави потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Вера Јурова.

Кој е цел на лажните информации?

Заедничката информација објавена од ЕК потенцира дека операциите за дезинформациите и надворешното влијание околу КОВИД-19 не се фокусирани само на ЕУ или на поедини земји-членки, бидејќи, како што велат, се цели и на трети земји.

Со оглед на ризиците и заканите кои ги претставуваат кампањите за дезинформации, ЕУ започна да испраќа навремени, доследни, кохерентни и видливи пораки до публиката низ целиот свет, особено во непосредното соседство на ЕУ, како што е Западен Балкан.

Нов бран лажни вести на повидок

Европскиот комесар за вредности и транспарентност, Вера Јурова, предупреди дека допрва треба да дојде бран лажни вести, кои сега ќе бидат насочени кон темата за вакцината против коронавирус.

„Лажењето не е нешто ново, но она што ме плаши е колку лесно веруваме во тоа“, предупреди Јурова.

Таа истакна дека ЕК нема намера да формира „министерство за вистина“, но сака да им понуди на граѓаните проверени информации и да создаде побезбеден дигитален простор.

Слични содржини