Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 57

од Vladimir Zorba

Бројот на загинати во силниот земјотрес во Јапонија денеска се искачи на 57, јавува Кјодо.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.

Во земјотресот беа уништени куќи на полуостровот Ното, а во градот Ваџима избувнаа повеќе од 200 пожари. Целосната големина на штетата се уште не е позната, а рушевините и блокираните патишта ги отежнуваат операциите за помош и спасување.

Слични содржини