Бројот на загинатите во разорниот земјотрес во Мароко се искачи на 632, а повредени се најмалку 329 лица

од Vladimir Zorba

Бројот на загинатите во земјотресот во Мароко се искачи на 632, а најмалку 329 лица се повредени, објави денеска мароканската државна телевизија Ал Аула, повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи.

Соопштено е дека најголема штета е причинета и кај загинатите во тешко пристапните планински предели, а повредените се пренесени на лекување во болници.

Земјотресот се случи на планинскиот венец Висок Атлас во Мароко во петокот нешто по 23 часот по локално време, на релативно мала длабочина од 18,5 километри, со епицентар на 72 километри југозападно од Маракеш.

Слични содржини