Бугарски историчар: Крајно време е Бугарија да ги прекине своите претензии кон македонскиот јазик (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во интервју за Блумберг Бугарија бугарскиот историчар доц.д-р Стефан Дечев вели: Македонскиот јазик е вештачки јазик до толку колку што сите стандардизирани јазици во светот се вештачки. Официјален јазик на една држава не може да биде дијалект.

Meѓу другото доц.д-р Стефан Дечев, историчар и предавач на Југозападниот Универзитет “Неофит Рилски”, во емисијата “Клуб Investor”, со коректниот водител Ивајло Лако, вели:

„„Треба да погледнеме и во во сопствениот двор. Бугарската вина е тоа што бугарското општество е убедено дека има „заедничка“ историја на еден народ и тоа е само бугарска историја до 1944 година. Тоа е позиција која тешко може да ја издржи експертизата на сериозната историографија и постигнувањата на историографијата на полето на нациите и национализмите во последните три-четири децении, како и во областа на другите и другите хуманитарни и социјални науки. Бугарскиот историски наратив создава впечаток дека во 1944 година се случила некаква грешка и сегашните мешовити преговори и членството во Европската унија треба да бидат, така да се каже, „инструмент“ со кој таа грешка треба да биде исправена и би се рекло дека Софија смета дека преговорите на Северна Македонија со ЕУ треба да бидат искористени од Бугарија за да ги добие војните кои што ги загуби во 1913, 1918 и 1944 година, но треба да се разбере дека преговорите на ЕУ не се за тоа“, објаснува професорот.

доц д-р Дечев вели дека во декември 1944 кога се создавала македонска кирилица, правата јазична комисија излегла со резултат за нова македонска азбука која е оддалечена и од српската кирилица и од бугарската кирилица.

„Македонската нација и процесот на нејзино создавање, со сите специфики и особености, не се разликува од процесите на создавање на која и да е друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до толку колку што сите стандардизирани јазици во светот се вештачки. Официјален јазик на една држава не може да биде дијалект. Додека не разбереме дека идентитетот на една нација е динамичен и тој не се предава по генетски пат, какви било мешовити преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија, се излишни и ќе завршат во слепа улица. Во 40-тите години, посебно во летото и есента 1944 година беше апсолутно неизбежно дека ќе има македонска нација и македонски јазик. Како тоа точно се случило и какви биле факторите и деталите, тоа е дебата која македонското општество треба да ја води внатре, но таа дебата нема да се случи додека има притисок и опасност од Софија за јазикот и идентитетот“, вели Дечев.

Слични содржини