Бугарското МНР ќе ѝ врачи остар демарш на македонската амбасадорка по последниот напад на клубот „Цар Борис Трети“

од Nikola Popovski

Македонската амбасадорка во Бугарија Агнеса Руси-Поповска денеска во Софија ќе биде повикана во тамошното Министерството за надворешни работи и ќе ѝ биде врачен остар демарш по повод вооружениот напад на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, јавуваат бугарските медиуми.

Од таму додаваат дека бугарските дипломати и европратеници детално го информирале раководството на Европската комисија за инцидентот во Охрид.

-Веднаш по нападот на местото на настанот пристигнал бугарскиот конзул во Битола Димитар Иванов. Само во просториите на клубот внатре биле пронајдени 8 чаури. Се појаснува дека има снимка на која јасно се гледа автомобилот од кој се пукало, објави БГНЕС.

Министерството за надворешни работи на Македонија изрази жалење за инцидентот и ги повика надлежните институции да ги преземат неопходните мерки за откривање на сторителите и да ги преземат неопходните мерки за гарантирање на работата на овој и на сите други граѓански клубови во државата. Според МНР, сите граѓани на државата имаа слобода да ги изразат своите убедувања и да ги бранат своите права кои се загарантирани со Уставот на достојна земја кандидат за членство во ЕУ.

Клубот „Цар Борис Трети“ беше отворен на 7 октомври проследен со протести во Охрид, поддржан од двете најголеми опозициски партии Меѓу демонстрантите имаше и такви кои го вееја југословенското знаме.

Слични содржини