Бугарското ВМРО бара од Радев да спречи национално предавство околу С. Македонија

од Nikola Popovski

Извршниот комитет на бугарската партија ВМРО-БНД упати јавен повик до претседателот Румен Радев, откако, како што велат, „денеска стана јасно дека Кирил Петков до Министерскиот совет доставил предлог-одлука за изнаоѓање начин и укинување на историски правичното вето за членство на РС Македонија во ЕУ“.

„Секој предлог направен од француското претседателство, земја-членка или ЕК за одобрување почеток на преговорите за членство меѓу Северна Македонија и Албанија, даден за време на состанокот на Комитетот на постојаните претставници, кој отстапува од рамковната позиција на Бугарија од 2019 година да биде испратено веднаш до Комисијата за надворешна политика на Народното собрание“, стои во предлог одлуката на Петков.

-Во актуелната политичка ситуација и јавните знаци дека се водат непринципиелни разговори за „купување пратеници“, ова е јасен знак дека ветото се симнува преку низа собраниски трикови. За нас тоа е неприфатливо. Ова е национално предавство. Поддржувањето на историската вистина е прашање за националната безбедност на Бугарија, се вели во писмото на раководството на бугарското ВМРО до претседателот Румен Радев.

-Војводите исто така инсистираат Радев да ги искористи своите овластувања според чл. 98 точка 2 од Уставот и да се обрати до народот и до Народното собрание за да се спречи планираното предавство од страна на Министерскиот совет.

Господине Радев, Уставот на Република Бугарија вели дека вие како шеф на државата го претставувате единството на нацијата. Вие сте претседател на сите Бугари, вклучително и на нашите малтретирани и прегазени браќа во Македонија, стои во заклучокот на бугарската партија ВМРО-БНД.

Слични содржини