Чавушоглу: Загриженоста на Турција е легитимна

од Nikola Popovski

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Турција има легитимни безбедносни грижи поради, како што рече, поддршката на Шведска и Финска на „терористичките организации“, повторувајќи дека Анкара се противи на пристапувањето на тие нордиски земји во НАТО.

Во кусите забелешки пред средбата со американскиот колега Ентони Блинкен во Њујорк, Чавушоглу повторил дека Анкара ги разбира безбедносните грижи на Шведска и Финска, но исто така нагласи дека треба да се решат грижите на Турција, пренесува Ројтерс.

Слични содржини