Ципрас: Изборниот резултат е негативен за нас, но и за општеството и демократијата

од Vladimir Zorba

Претседателот на грчката левичарска партија Сириза, Алексис Ципрас, по поразот на таа партија во денешниот втор круг од парламентарните избори изјави дека „изборниот резултат е негативен за таа партија, но и за општеството и демократијата“.

Тој го обвини раководството на Нова демократија, која победи на денешните избори, за „националистички и раздорски говор“, пренесува Катимерини.

Ципрас ги отфрли шпекулациите дека може да се повлече од функцијата шеф на главната опозициска партија по изборниот пораз.

Слични содржини