ЦУК: Излетано возило кај НП Галичица, нема повредени, возилото виси на карпа

од Radmila Tasevska

Патничко возило „фолксваген“ излетало од главниот пат кај националниот парк Галичица. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), возлиото виси на карпа, но луѓето во него се неповредени. Пријавата за возилото била добиена на бројот 112.

-Возило е излетано код главниот пат кај националниот парк Галичица на 10 минуи возење по наплатниот пункт, кај местото викано Коритски Рид. Патничкото возило е марка „фолксваген“ во црвена боја со регистерски ознаки 01645KH. РЦУК Охрид извести дека за настанот запознаени се МВР СВР Охрид и тие испратиле патрола на тој дел, по што известиле дека лицата се наповредени, но возилото висело на некоја карпа, наведува ЦУК.

Известен е и Антонио Додевски од Планинската спасителна служба Охрид кој на местото на настанот ќе направи увид.

Слични содржини