Д-р Докиќ: За поголема безбедност носете две маски или КН95

од Берта Китинска

Одговарајќи на новинарско пулмологот доктор Дејан Докиќ истакна дека сега е најдобро да се носат два маски или пак една КН95 маска.

„Британскиот сој се шири полесно бидејќи има мутација на спајк протеинот, со кој вирусот навлегува во клетката домаќин. Ова настанува кај неколку соеви, меѓутоа пациентите поради таа мутација може полесно да заболат од овој вирус, па заштита можеби треба да се зголеми за еден чекор повеќе. Секако тука се средствата за дезинфекција, дистанцата и евентуално носење две хируршки маски или една КН95. Подобро е да бидете посериозни во претпазливоста, а не да ги занемарувате мерките за заштита“, додаде пулмологот

Во изјава за медиумите Докиќ уште еднаш кажа дека текстот која се шири на социјалните мрежи не е негов.

– Категорично тврдам дека текстот не сум го напишал. Овој текст е напишан со моето име што се злоупотребува, а она што го содржи не е точно. Слушнавте и од министерот дека има место за пациенти, а во текстот се алармира дека нема.Со злоупотреба на моето име се шири паника. Пријавив во полиција, сметам дека е кривично дело. Очекувам институциите да преземат мерки, сторителите да бидат казнети, за да се прати порака дека не смее да се злоупотребува име во ваква ситуација на пандемија, вели.

Слични содржини