Д-р Петличковски: Стратегијата е да ја прифатиме короната како сезонска болест

од Nikola Popovski

Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски порачува дека сите рестриктивни мерки од почетокот на пандемијата досега биле носени со цел да се растерети притисокот врз здравствениот систем.

-Во моментов немаме никакво значаен притисок на здрвствениот систем, сепак до болница ситгнуваат малку луѓе и уште помал процент имаат тежок тек на болеста. Не планираме да правиме некакво затегнување на мерките, рече Петличковски.

Тој очекува сегашниот ковид-бран да дојде малку подоцна, некаде со почетокот на есента, меѓутоа се појавила нова варијанта која рапидно се шири низ цела Европа и го менува текот на работите.

-Веројатно оваа варијанта и поради имунитетот со вакцини, клиничката слика клиничка поврзана со неа не е тешка и оттука бројот на смртни исходи е многу низок. Тоа ни дава за право дека во следните месеци ќе можеме да живееме со короната. Тоа е и нашата стратегија на КЗБ, да ја прифатиме короната дека е присутна како сезонските болести и да се обидеме животот да го вратиме во нормала, појасни д-р Петличковски во Дневникот на Тв Сител.

 

Слични содржини