Дали оние кои имале анафилактичен шок и алергија на пеницилин смеат да примат вакцина?

од Stefanija Kuzmanovska

Кога станува збор за имунизацијата, луѓето сè уште имаат некои сомнежи, а едно од најчестите е дали оние кои имале анафилактичен шок и алергија на пеницилин смеат да примат вакцина.

Д-р Миланко Шеклер и д-р Срѓа Јанковиќ од Србија одговорија на ова прашање.

– Можат со зголемени мерки на претпазливост. Ова значи дека наместо 15 минути по вакцинирањето, што се препорачува да се остане во близина на пунктот на имунизација, тоа ќе биде од еден час до два – вели д-р Шеклер и забележува дека лицето дефинитивно треба да биде во близина на местото каде што е вакцинирано, но не точно на истото место за да не бидат изложени на концентрација на честички од вакцината во воздухот.

Д-р Срѓа Јанковиќ напомена дека ако некое лице не е алергично на компонента на самата вакцина против корона, нема причина да не ја прими.

Тој исто така ги замоли колегите доктори и медицински сестри да не ги испраќаат дома овие „проблематични случаи“, луѓе со алергии и кои доживеале анафилактичен шок, туку детално да ги испитаат, бидејќи најголема веројатност е дека можат да примат вакцина против корона, без оглед на нивната специфична состојба.

Слични содржини