Демократите ја претставија РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ: Трамп обвинет за „поттикнување бунт“ (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во Конгресот беше презентирана резолуцијата за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп поради неговата улога во демонстрациите од минатата недела.

Во документот, кој беше презентиран од демократите, Трамп беше обвинет за „поттикнување бунт“ и се тврди дека сегашниот претседател активно поттикнувал насилство во американскиот Капитол.

Документот укажува на неколку лажни тврдења изнесени од Трамп, вклучително и дека изборите биле „украдени“ и дека тој е законски победник на претседателските избори во 2020 година.

Гласањето за ова треба да се одржи подоцна оваа недела, а Трамп би можел да биде првиот американски претседател за кој два пати е покрената постапка за импичмент.

Меѓутоа, републиканците во Претставничкиот дом денеска го блокираа барањето на демократите за резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да покрене постапка за измена на американскиот Устав, што ќе овозможи смена на претседателот Доналд Трамп од функцијата.

Демократите во парламентот побараа договор резолуцијата да биде ставена на расправа веднаш, но републиканците ја запреа, пренесува „Ројтерс“.

Републиканците во Претставничкиот дом денеска го блокираа барањето на демократите за резолуција со која се повикува потпретседателот Мајк Пенс да покрене постапка за измена на американскиот устав, што ќе овозможи смена на претседателот Доналд Трамп од функцијата.

Демократите најавија дека ќе побараат гласање за резолуцијата утре, кога ќе бидат запишани гласовите.

Слични содржини