ДЕНЕС Е НАЈДЕПРЕСИВНИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА: Научниците ТОЧНО ПРЕСМЕТАА, а еве што го ПРЕДИЗВИКУВА и зошто е ТРЕТ ПОНЕДЕЛНИК во јануари

од Radmila Tasevska

Третиот понеделник во јануари е прогласен за најдепресивен ден во годината, а се нарекува и Син понеделник. На денешен ден, опишуваат експертите, почнуваат да се чувствуваат последиците од долгата зима, жиро сметките се празни поради сите трошоци околу празниците, а исплатата на плата сè уште не е на повидок.

Првиот „најдепресивен ден во годината“ бил 24 јануари 2005 година, а поттикнувач бил психологот Клиф Арнал од Универзитетот во Кардиф, кој математички пресметал зошто токму овој ден е најдепресивен, но потоа почнале обвинувањата дека резултатите објавени во медиумите всушност биле платени ПР и дека целата приказна за Синиот понеделник е всушност само маркетиншки трик. Универзитетот подоцна целосно се огради од Арнал, но многу колеги од оваа професија велат дека неговата теорија има смисла.

Декември е месец полн со дружење, прослави, семејство, подароци, храна, а многу луѓе се одлучуваат да одат на разни патувања и одмори. Покрај тоа, тука е и новогодишната ноќ, за која многумина трошат голема сума на пари. Иако сето ова е среќно во декември, ниту еден месец подоцна не се чувствуваат последиците – сметките се празни, некои се задолжија, предавањата на факултетите повторно почнуваат и се ближат испитните рокови, а работните задачи и деловните состаноци се натрупуваат, што во декември се помалку.

Друга работа што многу луѓе ги прави подепресивни во јануари се новогодишните одлуки. Можеби ги донесоа на 1-ви јануари и ги запишаа на хартија, но до ден денес не почнале или ако почнале, веќе кикснале.

Пред неколку години, Арнал за „Индипендент“ изјави дека неговите намери никогаш не биле да го направи овој понеделник негативен, туку да ги инспирира луѓето да се движат и да донесат некои големи животни одлуки.

Сепак, не е сè така црно. Арнал пресметал и кога е најсреќниот ден во годината. На пример, во 2005 година беше 24 јуни, потоа 23 јуни 2006 година, па 20 јуни 2007 година итн. Паѓа приближно помеѓу 21 и 24 јуни.

Слични содржини