Денеска во ДПА план за смена на самобендисаниот Тачи по поразот на изборите

од Vladimir Zorba

Централното собрание на Демократската партија на Албанците (ДПА) денеска  во проширен состав ќе се состане во салата на Општина Тетово. Официјално од партијата не соопштуваат кои се точките за кои ќе расправа највисокото тело на партијата.

Според извори од ДПА, Централното собрание наденечниот состанок ќе го разгледува и треба да усвои извештајот од последните вонредни парламентарни избори, одржани на 11 декември.

На собранието ќе се расправа и најверојатно ќе се закаже терминот за вонредниот конгрес на ДПА, на кој партијата треба да избере нов претседател, откако лидерот Мендух Тачи си поднесе оставка по лошиот резултата на предвремените парламентарни избори на 11 декември, на кои ДПА освои само две пратенички места.

Слични содржини