ДЕТАЛИ за терористичкиот напад во Ерусалим: Напаѓачот имал само 16 години

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца израелски полицајци утрово беа повредени во терористички напад во источниот дел на Ерусалим, јавуваат израелските медиуми.

Според информациите, овој терористички напад го извршил 16-годишен терорист од населбата Исавија.

Напаѓачот бил убиен од полицијата, а уште едно лице е уапсено под сомнение дека му помагало на напаѓачот.

Полицијата соопшти дека на местото на настанот е приведен уште еден осомничен и дека се истражува неговата поврзаност со напаѓачот и нападот.

Еден полицаец е тешко ранет и е во критична состојба, додека друг е полесно повреден, пишува The Times of Israel.

Нападот се случил во близина на израелската полициска станица.

Слични содржини