Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледува и ќе се одлучува за листите на кандидатите за пратеници поднесени од политичките партии.

DIK

Исто така, на денешната седница ќе се утврдува и редоследот на листите на кандидатите за пратеници во гласачките ливчиња, а ќе има и жрепка за распределба на локации за политичко рекламирање на паноа и на билборди.

Инаку, во петокот ДИК испрати писмо до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, со кое го информираше дека во одредени изборни единици има отстапување за повеќе од 5 отсто според бројот на гласачи.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во петокот поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието.

Од ДУИ побараа Уставниот суд да ја оцени одлуката за распуштање на Собранието како неуставна, за да може тоа повторно да заседава.

 

META

Слични содржини