Додека Ерусалим ја чека амбасадата на САД – хаос во Газа, 28 мртви

од desk2

 

Пред отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим, кај граничната ограда во појасот Газа протестираат Палестинци, а во судирите убиени се 28 луѓе и ранети повеќе од 500.

Најмалку 28 луѓе убиени се во текот на протестите, соопшти палестинското министерство за здравство. Според Ројтерс, ранети се околу 500 луѓе од кои 69 со боева муниција.

Оваа бројка на жртви го прави денешниот ден најсмртоносен од почетокот на разорната војна во појасот Газа меѓу палестинскокот движење Хамас и Израел од 2014 година.

Демонстрантите се собрале на границата, на врвот од шестнеделните протести против блокадата на границата и отворањето на амбасадата на САД во Ерусалим.

Изралеските сили, според сведоци, испалиле солзавец на демнстрантите кои се сместиле во шатори кај граничната ограда.

Новинар на АП вели дека израелските сили погодиле во нозе двајца Палестинци крај оградата, а дека повеќе од сто луѓе се собрале на околу 150 метри од границата.

Агенцијата наведува дека се очекува протестите да ескалираат во текот на денот, на 70 годишнината од основањето на Израел, а дека ширум појасот Газа со звучници од џамиите се повикуваат Палестинци да се придружат на таканаречениот Голем марш за враќање.

Порано денеска агенициите известија дека израелски воени авиони пуштиле памфлети над појасот Газа, предупредувајќи ги палестинските жители дека ќе ги ризикуваат своите животи ако се приближат до границата за време на масовните протести.

Израелската војска соопшти дека че реагира на секој обид на оштетување на пограничната ограда или обид да се наштети на кој и да е војник од израелските сили на одбрана или израелски цивил.

Палестинското исламско движење Хамас кое владее со фаза од 2005 година, соопшти дека очекуба на денешниот марш да им се придружат десетици илјади луше, навестувајќи дека е можно да дојде до пробивање на оградата.

Протестот е дел од кампањата за отстранување на блокадата на границата со Израел која трае веќе 11 години, но и протест против денешното отворање на американската амбасада во Ерусалим.

Палестинците се противат на тоа затоа што источен Ерусалим го гледаат како престолнина на својата идна држава.

Министерот за образование на Израел Нафтали Бенет рече дека државата таа гранична ограда ќе ја смета за железен ѕид и дека секој што ќе ја премине ќе се смета за терорист.

Учесник на протестот Мохамед Хамами (40) за АП вели дека маршот е „порака за Израел и неговите сојузници дека никогаш нема да се откажеме од нашата земја“.

Повеќето учесници на протестот се потомци на бегалци или бегалци кои се протерани во појасот Газа при војната на Блискиот исток во 1948 година, по формирањето на Израел како држава.

Заедно со денешните жртви, д почетокот на масовните протести против блокадата на границата во појасот Газа од 30 март, убиени се вкупно 70 Палестинци, а ранети повеќе од 2.000.

Слични содржини