Дожд речиси цел ден, на повисоките места снег

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Доцна попладне и во текот на ноќта поради продор на постудена воздушна маса со засилен северен ветер, врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои пониски места, особено во западните делови.

На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во вечерните часови ќе се засили и ќе го промени правецот во северен.

Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Слични содржини