Два силни земјотреса ја погодија Јапонија во последните два часа

од Stefanija Kuzmanovska

Тлото во Јапонија продолжува да се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала на први јануари, а два силни потреса биле регистрирани во изминатите два часа.

Според веб-страницата EMSC, земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на западниот брег на островот Хоншу во Јапонија. Бил на длабочина од 10 километри.

Вториот земјотрес со јачина од 4,2 степени го погоди Хокаидо. Тој бил на длабочина од 200 километри.

Да потсетиме, на први јануари разорен земјотрес ја погоди централна Јапонија, а според последните податоци загинаа повеќе од 80 луѓе.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида побара да се направат максимални напори за да се спасат што повеќе животи во првите 72 часа по земјотресот од 7,6 степени, бидејќи по 72 часа драстично се намалуваат шансите жртвите да преживеат, објави „Кјодо“.

Слични содржини