ЕК најави санкции против Белорусија и Иран поради поддршка на Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска најави нови санкции, овој пат против Белорусија и Иран, кои ја поддржуваат Русија во војната против Украина.

Фон дер Лејен на прес-конференцијата изјави дека ЕУ го продолжува режимот на санкции:

„ЕУ продолжува да врши притисок врз Кремљ со строг режим на санкции онолку долго колку што е потребно. Ќе ги прошириме санкциите на земјите кои воено ја поддржуваат руската војна, како Белорусија или Иран“.

Слични содржини