ЕК: Скопје да го спроведе Договорот со Бугарија

од Vladimir Zorba

Портпаролот на Европската комисија (ЕК) ги повика властите во Република Северна Македонија да го спроведат Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, пренесе БГНЕС.

„За нас, добрососедските односи и регионалната соработка на Западен Балкан се суштински дел од процесот на проширување на ЕУ, како и од стабилизацијата и асоцијацијата“, рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференција во Брисел, нагласувајќи дека Договорот од Преспа и Договорот за добрососедството меѓу Бугарија и Република Северна Македонија даваат многу позитивен пример“.

„Многу е важно спроведувањето на сите овие билатерални договори да продолжи“, рече портпаролот на ЕК.

Слични содржини