Експерти: Условната казна за тепачите во Собранието е несоодветна.

од desk3

Условните казни за насилниците кои упаднаа во Собранието и тепаа пратеници се зачудувачки несоодветни, смета професорот Трпе Стојановски. Иако законот за кривична постапка овозможува признание на вина и можност да се добие поблага казна, она што вчера се случи во Кривичниот суд драматичмно отстапува од перцепциите од она што имавме можност да го видиме и да го доживеат оние кои беа објект на напад на 27 април, вели професорот. 
„Тука имаме ситуација во која што ако полицијата во еден момент покажа соземање и со идентификување на лицата кои ги презеле тие дејствија сите оние кои беа внатре, дури и на оние со качулки и покажа настојчивост правилно да ја димензионира вината на учесниците внатре, каде што на обвинителството му требаше време да види за што се работи, да дојде до материјалите, и за што имавме разбирање, ова што вчера се случи говори за една целосна изместеност односно како обвинителството и судот изрекуваат казни кои се нетипични за еден ваков вид на насилство“, вели Стојановски.
Според него, институциите покажале дека немаат интегритет и поради што поставува прашањето дали воопшто се способни да го димензионираат целиот случај, во кој се вклучени и пратеници.
„Како ќе се утврдат елементите на вина на сите учесници, вклучително и на оние кои допрво треба да бидат идентификувани како организатори, како носители на целиот концепт. Имавме можност да видиме како дел од парламентарците ги отвараат вратите и значи не е спорна организациската постапвеност на групи и од внатре и од надвотжр и оние кои не треба да поттикнуваат криминал, кои се избрани од народот да ги претставуваат демократските капацитети видовме всушност дволично се однесуваат и тоа се работи кои јавноста очекува да бидат дефинирани и тие луѓе кои ги водовме да бидат изведени пред лицето на правдата.“ – вели Стојановски.
Судијката Милка Васевска Ангеловска препознала образовани и семејни луѓе што било олеснителна околност. Со правосилна пресуда осуден е само Димче Христовски – Жабата. Сепак, според Стојановски, несоодветните и преблаги казни ја елиминираат заканата од казната и веројатно за некое време ќе имаме нови настани со ваков вид на насилство. /24Вести

Слични содржини