Елегантна тоалета за средба со Путин на плажа: Брежит Макрон со ова издание ги изненади и модните критичари!

од desk2

Рускиот претседател, Владимир Путин и претседателскиот пар на Франција, Емануел и Брижит Макрон вчера се сретнаa во летната куќа на Макрон, во рамките на тврдината Брегантон на Средоземното море.


За оваа прилика Брижит повторно ја покажа својата вештина за модни погодоци, како една вистинска pарижанка и целосно ги воодушеви фановите и модните критичари.

Имено, за средбата со рускиот претседател избра небесно сина тоалета до колена, со симетрични детали, мали изрези и златни детали на струкот.

Со тоалетата искомбинирала валкано бели шпиц салонки со висока штикла, а стајлингот дополнителен ефект доби со прстенот и гломазната нараквица.

И покрај повредата на раката, Брижит на некое време ја тргна лонгетата, но подоцна ја врати, бидејќи не можела да ја поднесе болката.

Дури и на оние кои постојано се трудат да ѝ најдат некоја мана, овој пат тоа не им успеa.

Слични содржини