Енрике ја откри причината за смената на Мбапе

од Vladimir Zorba

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике објасни што го натерало да го замени Килијан Мбапе на паузата на натпреварот против Монако (0:0). Ѕвездата на Париз немаше видливи физички проблеми и Луис Енрике потврди дека причината за промената не е повреда.

„Порано или подоцна ќе треба да се навикнеме да играме без Мбапе. Се трудам да ги носам најдобрите одлуки за тимот. Кога ќе замине Килијан, ќе мора да се снајдеме без него“, објасни шпанскиот стручњак.

„Дали ова е казна за Мбапе? Повторувам повторно: мора да научиме да играме без него. Не сакам да се расправам. Одлуката е моја и ја донесов во името на тимот“, додаде Луис Енрике.

Откако беше заменет, Мбапе задржа насмевка на лицето и зборуваше на телефон неколку минути пред да се качи на трибините за да го следи натпреварот.

„Не видов што се случува на трибините. Мојата работа е да следам што се случува на теренот“, прокоментира Луис Енрике.

Слични содржини