Европските индекси растат, американските индекси паѓаат, нафтата „брент“ под 88 долари за барел

од Vladimir Zorba

Европските берзански индекси денеска растат на отворањето на берзите, американските индекси паѓаат, додека цената на нафтата „брент“ падна под 88 долари за барел.

Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:15 часот порасна на 17.820,25 поени, лондонски FTSE 100 на 7.878,00 поени, францускиот CAC 40 на 8.014,40 поени, а московскиот MOEX на 3.453,95 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс пред денешното отворање на берзата падна на 37.753,31 поени, индексот S&P 500 на 5.022,21 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.683,37 поени.

Слични содржини