Факт е дека постои македонско малцинство во Бугарија, порача Пендаровски

од Nikola Popovski

Постоењето на македонцското малцинство во соседната држава е факт, велат од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, како реакција на објавите во бугарските медиуми дека тамошното МНР ја повикало на разговор македонската амбасадорка во Софија поради, како што велат, „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Бугарија“. Пендаровски е дециден дека потребна е конструктивност во билатералните односи и решавање на отворените прашања.

Ова, според него, е со оглед на тоа дека и нашата држава претендира да биде дел од ЕУ, каде што заедно со Бугарија ќе биде упатена на уште поголема соработка.

Македонската амбасадорка во Софија, Агнеса Руси Поповска вчера била повикана на средба во тамошното Министерство за надворешни работи, соопшти прес-центарот на бугарското МНР.

Според официјалните софиски власти, овие напори на Бугарија не се разбрани и не ги ценат одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред граѓаните.

Пендаровски во гостување на дебатна емисија, ја појасни својата претходна изјава дека доколку ВМРО-ДПМНЕ успее да ја натера Бугарија да го промени Уставот за во него да го вклучи македонското малцинство во државата, тој ќе стане член на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ми пречи кога некој ги лаже луѓето со години. Излегува дека „тие се неспособни, а ние не само што ќе ја смениме рамката за преговори, туку ќе ги вклучиме и Македонците во бугарскиот Устав“. Зошто утре, ајде денес да ги впишеме Македонците во бугарскиот Устав – нашето малцинство кое е малтретирано со децении, најмалку 70-80 години, поминало низ страшни маки и голгота, но кажете ми каков е тој магичен начин? Како ќе ги внесете во Уставот? Преку владата? Во бугарската влада денес клучен фактор е Бојко Борисов кој го потпиша Договорот за пријателство и добрососедство во 2017 година. И сега овој човек треба да каже дека овој договор не постои, ајде да направиме нов подобар за Македонците? Не верувам во тоа. И морав на ВМРО-ДПМНЕ на таков пародичен начин да им кажам дека не лажат, гледајќи не во очи. За да ги вклучиме Македонците во бугарскиот устав мора да се смени целосно затоа што во него нема малцинства. Не мислам дека светските сили можат да го сменат бугарскиот Устав како што мисли опозициската партија, која смета дека е фактор број еден во светот, рече Пендаровски.

Слични содржини