Фатен кумановец кој украл предмети во вредност од 280.000 денари

од Nikola Popovski

На 07.02.2023 во 13.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.Р.(26) од Куманово.

Тој се сомничи дека на 26.12.2022 одзел повеќе предмети од приватен имот на улицата „Перо Чичо“ во вредност од околу 280.000 денари.

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а Р.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини