Fiat ја продава филијалата за автоделови за 7 милијарди долари

од desk2

Автомобилската компанија Fiat Chrysler Automobiles (FCA) соопшти дека ќе ја продаде филијалата за производство на автоделови Magneti Marelli.

Magneti Marelli ќе биде продадена на јапонскиот набавувач на автоделови Calsonic Kansei Corporation за 7 милијарди долари.

Со оваа зделка ќе се формира седмиот најголем производител на автоделови на светот, со најголем географски досег, обем и финансиска моќност, кој исто така ќе располага со вкупно 200 производни фабрики во Европа, Јапонија, Јужна и Северна Америка и Азиско-Пацифичкиот регион.

Во соопштението од Fiat Chrysler Automobiles се додава дека новиот ентитет ќе се вика Magneti Marelli CK Holdings.

Генералниот директор FCA на Мајк Менли нагласи дека Magneti Marelli ќе продолжи да биде еден од најважните деловни партнери на компанијата Fiat Chrysler Automobiles.

Продажбата на оваа филијала била одамна планирана во склоп на стратегијата на неодамна починатиот поранешен генерален директор на компанијата, Серџо Маркионе.

Слични содржини