Филипче: Се реши проблемот со кол центирте, ќе функционираат и мобилните тимови за полесен пристап

од Aleksandar Todeski

До денеска се три деца заболени од коронавирусот, две од нив на домашно лекување и едно 15 годишно момче на инфективната клиника, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

„Болницата која треба да го надополни капацитетот е болницата која ја користи Армијата. Имавме интензивни разговори со министерката за одбрана, целосно излегоа во пресрет. Сметаме дека треба да биде блиску и да се надополни капацитетот, поради експертизата. Ќе има соодветни тоалети, тушеви и ќе има 130 сместувачки капацитети. Ќе има добар распоред согласно клиничката слика“, посочи Филипче.

Тој кажа дека сите медицински сестри може да помогнат во било кое време за помагање кај овие лица.

„Се реши проблемот со кол центрите, а со цел дополнително да се реши овој проблем, во функција ќе бидат и мобилните тимови. Алгоритамот предвидува и итност, има податоци кои го предвидуваат тоа. Сметам дека мобилните тимови полесно ќе го олеснат пристапот“, рече Филипче.

Слични содржини