Филипче: Справување со коронавирусот е врвен приоритет, не калкулираме со почетокот на кампањата

од Aleksandar Todeski

Министерот за здравство, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање дали се работи за забрана или препорака за собири над 1.000 лица, бидејќи забраната во следните четиринаесет дена ќе значи и забрана на почетокот на кампањата за парламентарните избори, посочи дека справувањето со коронавирусот е врвен приоритет на државата и дека не се калкулира со партиски собири.

„Не калкулираме со партиски собири или почеток на кампања. Изричита забрана има за собири над 1.000 лица. За сите собири под оваа бројка има само препорака. За изборниот процес не размсилуваме, ова се епидемиолошки индикации зошто и како треба да важат овие мерки. Доколку има потреба, ќе се продолжат, ова е врвен приоритет на земјава во овој момент, никако не калкулираме со партиски собири или почеток на кампања“, рече Филипче.

Оваа мерка е дел од новиот сет мерки и препораки за борба со коронавирусот, кои на денешната владина седница биле усовени, а на барање на Центарот за управување со кризи. Минситерот Филипче исто така посочи дека во моментов има 100 лица кои се во изолација, а поради директорката на Кожно, која пак, ќе биде разрешена откако иако заболена од коронавирусот и со симптоми, одела на работа.

Слични содржини