Филипче: Заев донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека премиерот Зоран Заев во изминатите три години донесе низа тешки, но целосно исправни одлуки со кои ја обезбедивме иднината за нашата земја.

„Тоа што тој и тимот го постигнаа во сите досегашни преговори, како и напредокот кој го направивме во ЕУ интеграциите се за најголема почит. Мора да продолжиме по овој пат и мудро да градиме пријателства штитјеќи ги нашите интереси и напредувајќи кон Европската Унија“, објави Филипче на својот Фејсбук профил.

Според него, досегашните политики на отвореност и дијалог решија децениски спорови и така мора да продолжиме.

После вчерашното интервју на премиерот за бугарската новинска агенција БГНЕС, кое предизвика голем број реакции во јавност, Заев денес изјави дека треба да работиме на отстранување на пречките од таканаречената зелена завеса.

„Изразувам жалење што моето интервју предизвика силни негативни емоции за кои сум свесен и ги разбирам, но имам обврска да ги поттикнам македонските граѓани за изнаоѓање решение. Не е поглед кон иднината ако денеска зборувате за фашистичка Бугарија. Да си простиме и да подадеме рака“, вели Заев.

Слични содржини