Филипини: Најмалку седум лица загинаа во пожар на траект

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку седум лица ги загубија животите откако пожар зафати траект на Филипините, додека седум лица се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска крајбрежната стража на земјата.

На бродот избувнал пожар пред да заплови кон провинцијата Реалин Кезон, на околу 60 километри источно од главниот град Манила.

Засега е познато дека загинале пет мажи и две жени, додека 120 патници биле спасени, а 23 морале да добијат медицинска помош, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини