Франгов со писмо до Жбогар и Јанакакис: А зошто Грците блокираат само кон Македонија?

од Vladimir Zorba

Градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов испратил писмо до амбасадорите на Европската Унија и на Грција во земјава, Самуел Жбогар и Димитрис Јанакакис со барање за помош за деблокирање на македонско-грчката граница.

Тој во писмото бара од Жбогар и Јанакакис, но и од сите останати амбасадори во Македонија, во рамките на своите можности да помогнат во деблокирањето на Евзони и нормализирање на сообраќајот.

Според градоначалникот на Гевгелија, нормализирањето на ситуацијата на преминот Евзони, кој е бликиран поради штрајкот на грчките земјоделци, е од интерес на граѓаните, бизнис заедницата и локалните власти во пограничните општини бидејќи и двете страни трпат огромни штети од блокадите.

Франгов во писмото забележува дека е симптоматично тоа што блокадата е поставена само на границата со Македонија, а не и кон другите соседни земји на Грција.

Евзони и натаму затворен, во Грција само преку Меџитлија и Дојран

Тој нагласува дека во изминатите години општина Гевгелија реализирала повеќе проекти и активности со пограничните општини во Грција преку ИПА програмата на Европската Унија и преку непосредни контакти со локалните власти и дека токму поради ова граѓаните и претставниците на бизнис заедницата од двете страни реагираат на повеќедневната блокада на граничниот премин Евзони, која го оневозможува протокот на патници и возила/МЕТА

Слични содржини