ГАЛЕРИЈА: Без гласовите на Беса, Алијанса и независните од ВМРО-ДПМНЕ се избра техничката влада

од Aleksandar Todeski

Тропање по маси, негодување, но и аплаузи се слушнаа од пратениците и од власта и од опозицијата на седницата на која се избра преодна влада која треба да ги спроведе изборите. На крајот, сите заедно гласаа „за“ техничката влада, без гласовите на пратениците од Беса, Алијансата за Албанците и независната пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, освен Елизабета Канческа-Милевска, која гласаше „за“.

Фото: Борче Поповски

Освен експозето на премиерот Оливер Спасовски, збор земаа и координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, независниот пратеник Панчо Минов, пратеникот од ДУИ, Артан Груби но и пратеникот од Алијансата за Албанците, Сурија Рушиди.

По говорите, со сто и еден глас „за“ беше изгласана техничката влада, а претставниците на владата заминаа на групната фотографија, традиционална по давањето заклетва во законодавниот дом. Час и половина по таа седница, Спасовски имаше ново експозе, на кое ги соопшти замениците и дополнителните заменици министри во владата, кои без говорници беа изгласани, но со помалку гласови.

За нив не гласале лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на Алтернатива, Африм Гаши како и пратеникот Енес Ибрахим. Не гласале ниту Ванковер Манчев, Љупчо Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, како и независната пратеничка Ирена Стефоска.

По заедничкото гласање и свечената изјава дека ќе ги почитуваат Уставот и законите на Република Северна Македонија, министрите и дополнителните заменици министри од ВМРО-ДПМНЕ излегоа на прес конференција која наликуваше на партиско обраќање.

Откако помина и прес конференцијата, преодната влада замина на прием кај претседателот Стево Пендаровски. Техничката влада се формираше денеска, сто дена пред одржување на предвремените парламентарни избори кои се закажани на 12 април, а до нив се дојде откако Европската Унија поради побараните реформи од страна на Франција не даде зелено светло за старт на преговорите.

Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски
Фото: Борче Поповски

Александар Тодески

Фото: Борче Поповски

 

 

Слични содржини