Гардијан: СЗО обвинета за заговор со италијанското министерство за здравство?

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација е обвинета дека е дел од заговор со италијанското Министерство за здравство.

Станува збор за заговор за отстранување на извештајот кој го открива лошото управување на земјата на почетокот на пандемијата на коронавирус, објави „Гардијан“.

Италија беше првата европска земја чие население беше погодено од масовната пандемија, а извештајот на СЗО, научникот Франческо Замбон и десет колеги од Европа ги плати владата на Кувајт со цел да им обезбеди извештаи за тоа кои други земји ќе бидат сериозно погодени од коронавирусот, додава британскиот весник.

Извештајот на СЗО со наслов „Првиот одговор на Италија на Ковид-19“, кој се појави на нивната веб-страница на 13 мај, беше отстранет следниот ден, а за првпат беше објавен во „Гардијан“ во август.

Во соопштението на 102 страници се вели дека италијанскиот план за пандемија не е ажуриран од 2006 година, па поради неподготвеност, првиот одговор на здравствената служба на ударот на коронавирусот беше импровизиран и хаотичен. Беше објавено дека е потребно време за да биде достапен формален водич за пандемијата.

Документот на СЗО наводно бил отстранет на барање на Раниери Гуера, помошник на генералниот директор за стратешки иницијативи при СЗО.

Гуера беше директор за превенција на болести во рамките на италијанското Министерство за здравство помеѓу 2014 и 2017 година и беше одговорен за ажурирање на планот за пандемија според новите упатства на СЗО и Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Слични содржини