Генчовска: Протоколите се прецизирани, ќе врачиме протестна нота поради говорот на омраза

од Nikola Popovski

Бугарија ќе преземе мерки против говорот на омраза во последните денови во Република Македонија, како што секогаш правевме, изјавила бугарската министерка за надворешни работи во оставка Теодора Генчовска, објави БГНЕС.

Генчовска појаснила дека мерките ќе бидат дипломатски.

-Ќе биде повикан привремениот вршител на должноста амбасадор на Македонија во нашата земја. Ќе му биде врачена протестна нота, додала таа.

На прашањето дали се прецизирани Протоколите, министерката Генчовска одговорила:

-Имаме џентлменски договор со министерот за надворешни работи на РСМ Бујар Османи и протоколите се прецизирани. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа. Нема да ги отвораме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание, нагласила Генчовска.

Генчовска истакнала дека „Скопје е заинтересирано работите да се спроведуваат многу брзо, бидејќи многу земји членки на ЕУ веќе зборуваат за одвојување на Македонија од Албанија“.

-Топката е директно на македонски терен, додала таа.

Слични содржини