Генералштабот на Украина откри во кој правец Русите најжестоко напаѓаат

од Stefanija Kuzmanovska

Руските сили напаѓаат речиси на сите делови од фронтот, а во изминатите 24 часа најжестоки борби се водеа во правец на Маринка, каде украинските војници одбија повеќе од 20 напади, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина утрово.

Украинските сили ги одбија руските напади во правец на Купјанск и продолжуваат со офанзивните операции јужно од Бахмут, јавува агенцијата Униан.

Руските војници не се откажуваат од обидите да ја опколат Авдеевка, но украинските војници цврсто ја држат одбраната, се вели во соопштението.

Слични содржини