Герила акција: Училиште на 96, казино на 98 метри (ФОТО)

од Nikola Popovski

На повеќе локации во Скопје осамнаа „сообраќајни знаци“ како реакција на предлогот Закон за игри на среќа со кој се предвидува дислокација на обложувалниците и казината на најмалку 500 метри од образовните установи.

Поставени се знаци на кои е прикажано на колкаво растојание има училиште, а на колкаво казино.

Од Владата неодамна информираа дека предлог Законот е со цел заштита на младата популација, бидејќи со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основните и средните училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум.

Од Асоцијацијата на спортски обложувалници АСОМ потенцираа дека со ова ќе им се укине работата на 10 илјади, а посредно на 54 илјади луѓе, буџетот годишно ќе остане покус за стотици милиони евра, а ќе се поттикне и нелегалното коцкање.

Предлог законот го помина владиниот филтер и моментално се наоѓа во Собрание.

Слични содржини