Ги игнорирал предупредувањата: Турист од Србија се здобил со тешки повреди на Лефкада

од Stefanija Kuzmanovska

Српски турист на околу 30-годишна возраст доживеал несреќа вчера на Лефкада. Имено, тој влегол во водите и покрај издадените предупредувања и се здобил со сериозни повреди.

Србинот ги игнорирал повиците на спасувачите до капачите да не се приближуваат до разбрануваното море, пишува ilefkada.gr.

Брановите го совладале туристот, а несреќата резултирала со тешка скршеница на колкот, по што следела долга операција во болница во Лефкада.

Слични содржини