Главниот комесар на Бугарија Николов за она што се случува во Македонија, по поплавите: Останува тешка ситуацијата, 10 лица се исчезнати

од Vladimir Zorba

1470674305-sistemen-bufer-1
Останува тешка ситуацијата во Македонија по поплавите, 10 лица се исчезнати. Ова го соопшти главниот комесар Николај Николов, директор на Генералниот директорат “пожар и заштита на населението”.
Според него повеќе од 1.500 куќи се поплавени.

“Нашите момчиња добија две основни задачи – да се вклучат активно во одводнување на згради и потрагата на настрадани. Итна спасителна единица од Софија располага со уникатни алатки кои се вклучени да трагаат по едно 12-годишно девојче. За жал во моментот нашите напори не даваат резултат. Главно се претресуваат автомобили, бидејќи стотици се однесени од карпести маси и се проверува дали има загинати луѓе внатре. Во овој поглед ситуацијата е тешка “, прецизира главен комесар Николај Николов.

Според него претстојат многу напори на сите тимови – под раководство на македонската влада и градоначалникот на Скопје работат сите потенцијални сили кои можат да се вклучат – армијата, полицијата, пожарникарите, волонтери, комуналните служби.
“Така ќе биде во наредните 10-15 дена додека се исчисти сето додека се дезинфицира и дератизира”, појасни директорот на Генералниот директорат “пожар и заштита на населението”.

Главен комесар Николај Николов додаде дека причината за поплавите е во интензивните врнежи, но истакна дека се потребни сериозни превентивни мерки. Според него, ситуацијата почнува да се нормализира. “Многу земји изјавија поддршка, но само Бугарија ја даде и тоа на одличен ниво”, истакна главниот комесар Николај Николов.

loading...

Слични содржини