Ѓоковиќ кон Иванишевиќ: Ти треба помош (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го совлада Шпанецот Пабло Карено-Буста и напредуваше во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати.

По натпреварот, српскиот тенисер и неговиот тренер Горан Иванишевиќ се опуштија на масата за билјард. Хрватската легенда беше видно вознемирена откако Ноле победи во една од партиите.

– Како му поклонувам партија од ништо …, се налути Иванишевиќ, откако уфрли и некоја псовка.

Ѓоковиќ пак силно ја внесе црната топка.

– Така е! Со сите сили, „урлаше“ Новак.

Ѓоковиќ и Иванишевиќ на крајот добор се забавуваа, додека „Рибља чорба“ свири во позадина, пренесе „Вечерњи“.

„Драма на масата за базени вечерва. На Горан навистина му е потребна помош со неговите вештини за билијард. Помина долго време од неговата последна победа“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.

Србинот во следното коло на Мастерсот во Синсинати ќе игра со Французинот Лукас Пуи.

Слични содржини