ГОЛЕМ СКАНДАЛ ја тресе Србија, протекоа ПОРАКИ И ПОВИЦИ, на десет КОШАРКАРИ им се заканува ЗАТВОР!

од Stefanija Kuzmanovska

„Голем скандал ја тресе нашата кошарка“, беше ударната вест во Србија кон крајот на минатата недела. Дури 30 имиња се осомничени за учество во нечесни акции, а како што пишува „Блиц“, се појавија клучни докази за разрешување на оваа афера.

Станува збор за пораки и покани во кои играчите меѓу себе се договараат како да ги наместат натпреварите меѓу нивните клубови.

Плаќањата се вршеле преку азиските обложувалници, а тие се движеле од 500 до 1.000 евра. Истиот извор пишува дека поради обелоденување детали, на дури десет кошаркари им се закануваат затворски казни, а не е исклучено истрагата да доведе до поголем број виновници.

Кошаркарската лига на Србија излезе со соопштение во врска со целата ситуација.

„Ја информираме јавноста дека КЛС активно соработува со ФИБА со цел што поскоро да се реши дисциплинската постапка и дополнително да се обезбеди интегритет на натпреварувањето. Со оглед на тоа што дисциплинската постапка се уште е во тек, КЛС во овој момент не може да даде детали за тоа кои се натпреварите и кои играчи учествувале во манипулативни дејствија. Подетални информации за дисциплинската постапка ќе бидат дадени по нејзиното завршување, заради непречено одвивање на постапката, како и пресумпција на невиност на учесниците во постапката“, се наведува меѓу другото во соопштението на КЛС.

Слични содржини