71
Во Јагодина, Србија, гори кинеската фабрика за влечки отворена пред шест месеци, но нема повредени.
Работниците се евакуирани и никој не е повреден. Фабриката се запалила според претпоставките, поради неисправна инсталација, јави RTS.
Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пожарот.
Густ чад се надвил над Јагодина што може да се види и на снимки објавени на интернет.