Груевски тврди: Над 80 проценти од волонтерите што чистат во поплавите, замисли, биле само ВМРО-ДПМНЕ !?

од Vladimir Zorba

Во интервју што  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го даде на Сител телевизија, тој рече и дека околу 3.000 волонтери, војска и полиција се на терен, од кои најголем дел се и од ВМРО-ДПМНЕ, активисти и членови кои по повик на партијата и на општинските комитети заминаа таму и секојдневно се таму.

грујо

– Практично, ако се земат и огромен број на работници кои освен како волонтери дојдоа и преку одредени јавни претпријатија или на повик на градоначалници, организирани од наши градоначалници, веројатно над 70-80 проценти од луѓето кои во минатите денови помагаа беа наши членови и активисти. Се разбира имаше и други граѓани кои помагаа и на сите би сакал да им упатам јавна благодарност за сето тоа што го правеа во минатите денови и денеска и се надевам во наредните денови – додаде Груевски.

Слични содржини