Хари првпат се виде насамо со баба си по „мегзит“: Еве за што разговарале

од Elena Daskalova

Кралицата Елизабета одржала четиричасовен состанок со принцот Хари, за да се расчисти целата ситуација што настана со неговото осамостојување од кралското семејство.

Хари самиот побарал да се види со својата баба, без другите членови од семејството. Тие долго разговарале, а наводно, кралицата му рекла дека тој и понатаму останува нејзиниот сакан внук и дека ако некогаш се предомисли, секогаш ќе биде отворена да разговараат и да го прими назад.

Тој ѝ ги открил своите оланови за натаму, а добил и поддршка и искрено мислење. Претходно, таа била вознемирена што Арчи често останува во Канада и нема да биде дел од последните кралски патувања на Меган и Хари.

Слични содржини